Месото се чува најмногу 3, а сармата 4 дена - ова е рокот на јадењето за празниците

 

Нова Година поминаа, доаѓаат Бадник и Божиќ.

Сепак, најголемата „опасност“ која демне за празниците е рокот на храната, бидејќи понекогаш може да бидеме невнимателни, па да ја консумираме подолг период што може да доведе до проблеми со стомакот, па дури и до труење.

Нова Година и Божиќ се веќе традиционални со вкусни кифлички, сарма, сочно месо, салати и десерти.

Со подолго чување, дури и во фрижидер, храната развива микроорганизми кои придонесуваат за нејзино постепено расипување. Затоа внимавајте на ова:

Сармата се чува во фрижидер и тоа најмногу 3 до 4 дена. Ако се замрзне може да се чува и до 4 месеци.

Месото, особено ако на трпезата имате свинско печење, треба да се изеде најмногу за три дена.

Рибата е неизбежен дел од трпезата за Бадник. Побрзо може да се расипе, па изедете ја најмногу за два дена.

Салатите исто така траат 2-3 дена, не повеќе.

Особено треба да бидете внимателни со овошјето и зеленчукот и добро да ги миете.

Во овој период треба да внимаваат сите од опасноста со труење, а особено трудниците.

Одберете свежи намирници и купувајте на проверени места.

Ако сте направиле повеќе отколку што може да се изеде, не ја чувајте храната додека да се расипе, па да бидете приморани да ја фрлате. Постојат 2 опции: Онаа храна што се змрзнува да ја ставите во фрижидерот со длабоко или, пак, да ја донирате додека е сеуште свежа и подготвена за консумација. Немојте никогаш да фрлате храна!

Имајте убави празници 

Извор: Готви.мк

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.01.2019 - 15:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега