Душко се извлекува од љубовниот триаголник: По гласините за развод со Карлеуша, Тошиќ за првпат се огласи на Инстаграм
Карлеуша и Фудбалерот Душко наводно се наоѓаат во брачна кризаи се пред распаѓање на бракот, а проблемите во рајот започнале на настапот на новогодишната вечер.
Имено фудбалерот во телефонот на пејачката пронашол пораки од колегата Огнен Врњеша, по што следело жестока расправа.
Јелена и Душко демантираа дека се разведуваат а сега на социјалните мрежи Душко напиша што мисли за сето ова.
„Никому не сум го земал телефонот, ниту пак сум се заканувал некому. Замолив и неколку новинари да не се обидуваат на сила и на секакви начини да дојдат до мне. Само им посакувам долг живот на нашите непријатели, да ги доживеат сите наши успеси“ напиша Душко на Инстаграм.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа