ФОТО: Сите зборуваат за бабата која црта срциња на снегот - конечно откриена вистината за неа
Последниве неколку денови на друштвените мрежи се шири фотографија од баба која со стап црта срциња во снегот. Не требаше долго, по изгледот на зградата зад неа, некои интернет корисници да заклучат дека станува збор за фотографија која настанала во Србија, односно во Белград.
Фотографијата беше споделена на Фејсбук групата „Во живо од белградските трамваи и автобуси“, а после тоа и шернувана од многу корисници на социјалните мрежи.
Но, се испостави дека бабата воопшто не е од Балканот, а можеби и не знае каде е Балканот. Фотографијата на Редит ја споделил корисникот Генделбах, а како што откриле некои корисници на оваа социјална мрежа, настанала во Русија.
Секако, неважно каде е настаната, оваа фотографија им ги стопли срцата на многумина.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа