ФОТО: Актерката објави семејна фотографија, па сите ја нападнаа - „Срамота, децата ти се дебели и запуштени“
Актерката Тори Спелинг објави идилична семејна фотографија на својот Инстаграм профил, меѓутоа идлијата набрзо ја „уништија“ нејзините следбеници со своите коментари.
Тори Спелинг веќе долго време се бори со низа проблеми, последниот кој ѝ се случи е неверството од страна на сопругот. Неодамна следбениците ја нападнаа дека користи премногу фотогшоп на фотографиите кои ги објавува, а на кои изгледа дупло пославо од она што навистина е.
На последната фотографија која ја објавила, почнала да добива навреди од следбенците, кои ѝ пишувале дека децата ѝ изгледаат „занемарено и дебело“.
-Гледајте ја неа како се средила, цела е скоцкана, додека децата ѝ се мрсни и запуштени во изгужвана гардероба. Тоа само докажува колкав себичен нарцис е - гласел еден од коментарите.
-Тори пропагира здрава храна на друштвените мрежи, а погледнете ѝ ги децата. Ова девојче во дуксерот има огромен стомак. Срамота! - пишуваат следбениците.
Тори премолчила на сите навреди, но нејзиниот сопруг се огласил.
-Луѓе, што ви е проблемот? За вша информација децата директно од училиште ги водевме на кино. А, само секунда пред да биде објавена фотографијата, сите си играа и трчаа, па така уморни и испотени се фотографираа. Навистина ми е непријатно што не сум ја испеглал облеката за вас ценети следбеници. Тоа се деца, децата се во постојано движење - напишал Дин на Инстаграм.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа