На Путин ќе му се исполни овој сон само кога ќе се пензионира - има само една желба
Претседателот на Русија, Владимир Путин, во четвртокот нја посети Србија по четврти пат, а тоа било само едно од многуте патувања на зафатениот лидер.
Путин обожава патувања и не му претставуваат тешкотија, но него сепак го интересира малку поинаков вид патување - лишен од големото обезбедување, камерите, густиот распоред и премногу луѓе.
Иако веќе долго време владее со Русија, логично е дека Путин во еден момент ќе се повлече, а пред неколку години зборувал и за своите планови во пензија и ја истакнал својата желба „да отпатува во природа и да види некои туристички дестинации“.
-Би сакал успешно да ја завршам својата кариера - рекол Путин при една посета, кога му се доверил на еден работник.
-Многу сакам патувања. Денес моите патувања се сведуваат на тоа да стигнам на аеродром, да одам до некој хотел и повторно да се вратам на аеродром. Во поинаков стил би сакал да патувам. Да одам негде во природа, да видам некои туристички дестинации - рекол Путин.
Со оглед на тоа дека не зборува многу за својата приватност, во едно интервју кажал дека често оди на викенд во дивина, каде негов пријател има куќа. Кажал дека единствено таму се одмора така како што сака.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа