Скротувал ѕверки, ја гледал иднината, наммножувал леб - денеска го славиме овој светец

 

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 11 јануари.

Денеска е Преподобен Теодосиј Велики.

Свети Теодосиј е кападокиец. Роден е во 424 година, проживеал 105 години и се претставил пред Бога во 529 година. Во младоста го засакал монаштвото и отишол во Палестина, каде се запознал со подвижничкиот живот. Се повлекол во една пештера близу Витлеем и во неа се подвизувал 30 години. Така, тој ја достигна блажената состојба на душата, го облагодати телото и се исполни со непрестана радост, а Бог го надари со дар на чудотворство и прозорливост. Потоа основа манастир близу Ерусалим. Инаку, свети Теодосиј Велики се смета за основач на општожителната форма на монашкиот подвиг. Теодосиј ги исцелувал болните, скротувал ѕверки, ја гледал иднината, намножувал леб и пченица. Се успокоил кога имал 105 години, во 529 година.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.01.2019 - 10:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега