Татко гледал како крокодил го напаѓа синот па без размислување го направил ова за да си го спаси детето

 

Маж гризнал крокодил во филипинскиот град Балабак за да го спаси синот. Крокодилот се појавил кога 12-годишно момче се капело во реката со својот брат. Крокодилот го гризнал за левата рака и го повлекол под вода.

Помалото момче истрчало дома и го повикало татко си на помош.

-Мажот се обидел да го совлада крокодилот удирајќи го со тупаници, и потоа го гризел неколку минути. Крокодилот не издржал и го пуштил момчето и отпливал, изјави полициски претставник.

Момчето било пренесено во болница за да му се укаже медицинска помош.

Во 2018 година, беше објавено дека жител на Балабак спасил 15-годишен син по нападот на крокодил долг 4,5 метри.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.01.2019 - 13:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега