Трагедијата го скрши целото семејство: Девојката на Роналдо објави тажна вест

 

Девојката на Кристијано Роналдо деновиве можеби ги живее најтешките моменти во својот живот.

Имено таткото на Георгина Родригез кој имал 70 години и живеел во Буенос Ариес починал.

По страшната вест таа веднаш заминала во родниот град, а на својот Инстаграм профил објави фотографија облечена во црно.

-Животна случајност. Слетав во земјата во која се родив во исто време како и кога се родив пред 25 години, напиша Родригез.

Нејзиниот татко Јорге Родригез инаку имал богато криминално досие и бил осуден на 13 години затвор поради криумчарење дрога, а починал по компликации по ударот кој го доживеал пред една година.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.02.2019 - 13:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега