Неговата жена била со него и кога немале пари, а денес се „капе“ во милиони - со ова ѝ „заби нож во грб“

 

Една од најголемите ѕвезди во ултимејтфајт, Конор Мекгрегор неочекувано се најде во центар на скандал од невидени размери, откако Тери Мареј објави дека таа има дете од ирскиот борец.

Мареј најавила дека ќе бара преку судот со ДНК-примерок да докаже дека татко на нејзиното дете е Мекгрегор, објаснувајќи дека имала афера со Ирецот и многу брзо после тоа дознала дека е трудна. Мекгрегор не сакал да чуе за бременоста и за тоа дека таа носи негово дете.

Ирецот е венчан со Ди Девлин, а Мереј сега откри детали од нивната секс-афера, објаввајќи дека додека Ди чекала да се породи со дете од Мекгрегор, таа затруднела со ќерката Клоух.

„Сакам само да докажам дека Конор е таткото на Клоух и ништо повеќе. Не лажам. Сакам само да направиме тест и после тоа може никогаш повеќе да не се видиме, без оглед на резултатите. Не ми требаат неговите пари, како што сите мислат. Имавме секс четири недели пред неговата сопруга да се породи и тоа двапати во неколку дена. Подоцна кога дознав дека ззатруднев, му праќав пораки, но тој никогаш не ми одговори“, вели Мареј.

Инаку Мекрегор секогаш зборува дека неговата сопруга му пружала поддршка и кога биле сиромашни.

„Живеевме во Ирска, 30 килоемтри од Даблин во изнајмен стан, кој го плаќавме од надоместок за невработени со 188 евра. Немав работа, бидејќи постојано бев во теретана. Верував дека ќе бидам шампион, а и таа исто така./ Веруваше во мене. Покрај недостигот на пати Ди Девлин се трудеше да ми подготви да јадам здраво и секогаш да го одржувам дневниот режим. Таа се посвети на тоа. Кога се враќав дома после исцрпувачки тренинг векогаш ми велеше„Конор можеш ти“, - раскажам Мекрегор за својата сопруга.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.02.2019 - 21:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега