Денеска славиме еден од најобразованите светци

 

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 4 февруари.

Денеска е Преподобен Исидор Пелусиот.

Уште од раните векови во Црквата се утврдиле два облика на монашки живот: првиот е општожителството, или заедничкото манастирско живеење, а вториот е пустиножителството, или осамувањето и живеењето во постојана тишина на умот за да може да се наслушне таинствениот разговор на Бога со човекот. Еден од големите пустиножители бил свети Исидор, кого Црквата го слави денес. Живеел во петтиот век. Роден е во Египет во семејство на богати родители и стекнал добро образование. Но, уште млад го оставил светот, стапил во еден манастир, а подоцна се повлекол на пусто место близу градот Пелусија, Долен Египет. Набргу се расчул гласот за неговите подвизи и околу него се собрале други монаси. Живеел во постојано молитвено тихување се до смртта во 435 година.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.02.2019 - 13:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега