По несреќата се огласи семејството Шаулиќ: Благодарност до властите кои овозможија на достоинствен начин да се простиме од нашиот татко

 

После тешката трагедија која го погоди семејството Шаулиќ тие се огласија:

„Семејството Шаулиќ сака во овие тешки момети да се заблагодари за безрезервната поддршка и помош од претседателот Александар Вуќиќ, министерството за надворешни работи, потпретседателот на влада, Ивица Дачиќ, министерот за одбрана, претседателот на општината, генералниот конзул во Дизелдорф и сите останати од власта и официјалните служби кои ни помогнаа и ни упатија зборови за поддршка.Се заблагодаруваме на клиниката во Билефелд, која нонстоп ни стои на располагање за било каква информација.

Благодарност и до Државниот обвинител кој и покрај бараната обдукција, на нашето семејство овозможи да го видат телото и да се простат од нашиот сопруг, татко, дедо и нокогаш непрежален голем човек и уметник Шабан Шаулиќ“ стои во нивната објава.

Да потсетиме дека неговата најстара ќерка и син се во Германија каде добиле шансса да се простат со својот татко.

Во одвоена просторија со цвеќе и свеќи било поставено телото на Шабан а тие добиле половина час насамо со него.

Тие веројатно ќе бидат едниствените кои ќе го видат неговото тело.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.02.2019 - 14:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега