ВИДЕО: Заминаа заедно во смрт - синот на музичарот со емотивно видео се збогува од својот татко

 

Музичарот Мирсад Кериќ кој управуваше со автомобилот во кој загина пејачот Шабан Шаулиќ вчера им подлегна на повредите откако претходно беше на апарати по добиените тешки повреди.

Неговиот син Денис Кериќ на својот Фејсбук профил објави емотивни фотографии и видео од кое се опрости од својот татко.

-Со длабока тага ве информираме дека нашиот драг татко Мирсад Кериќ по борбата со живот почина на 18 февруари во 23 часот на клиниката во Белфелд. Следните денови ќе објавиме кога ќе се одржи погребот во Офенбах, напиша синот на починатиот музичар.

Тој објави и видео снимка каде неговиот татко свири клавир, а тој пее.

 -Ти благодарам за се што ме научи во животот и за целата љубов која ми ја пружи. Никогаш нема да биде никој таков човек каков што беше ти. Ти си неизмерен! Почивај во мир, те сакаме сите и никогаш нема да те заборавиме.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.02.2019 - 21:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега