Запознајте го најголемото семејство на светот: Овој човек има 94 деца, 39 сопруги и 34 внучиња- сите живеат под ист покрив

 

Зион Чана е „најбогат човек на светот“ со 39 сопруги, 94 деца и 34 внучиња со кои живее во куќана 4 спрата, овој човек е глава на најголемото семејство на светот.

Чан кој живее во изолирано село на границата со Бурма и Бангладеш, во секој момент има покрај себе барем седум жени, а една година успеал да се ожени со десет жени.

Во куќата има 100 соби и во нив живеат четири генерации, а бројот на семејството сеуште не е конечен.

-Дури и денес сум подготвен да го ширам семејството и подготвен сум да се женам, рече Чан.

Неговите жени ја делат спалната соба, додека синовите со нивните жени имаат посебни простории. Сопругите ја водат кујната, ќерките се задолжени за хигиена, а мажите за земјоделство и сточарство.

-Се чувствувам како Бог. Имам толку луѓе за кои се грижам и се сметам за многу среќен човек, рече Чан.

Зион Чан предводи локална христијанска секта која одобрува полигамија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.02.2019 - 08:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега