„Не трпам ниски мажи“ - 10 најпознати цитати од Карл Лагерфелд

 

Неповторливиот моден креатор Карл Лагерфелд почина на 85-годишна возраст, Ќе остане запаметен по модната магија која ја правеше со децении, но и по искрените, духовити изјави кои се претвориле во цитати.

Ова се неговите најдобри изјави кои ја заинтригираа јавноста:

„Не трпам ниски мажи. Жените може да бидат ниски, но кај мажите е тоа невозможно. Нискиот раст е причина за нивните комплекси и омраза“.

„Изгубив околу 90 килограми за да носам одела од Хеди Силмане“.

„Самољубието е најздравата работа во светот“.

„Отсекогаш сакав да спијам беспрекорно чист. Тоа ми остана од детството. Кога бев дете, мајка ми велеше “Можеш да се разбудиш среде ноќ и изненадно да умреш. Затоа секогаш мораш да изгледаш најдобро што можеш“.

„Еднаш ме интервјуираше една германска новинарка. Беше ужасно грда. Носеше жолт џемпер низ кој се гледаа нејзините големи гради и црниот градник. Ме праша дали може да ги тргнам очилата. Ѝ одговорив „ Во тој случај, ќе ве замолам да го отстраните градникот“.

„Кога имав 41 година, сакав да почнам да пушам бидејќи мојата мајка пушеше. Но, кога почнав, мајка ми ми рече: „Не смееш да пуштит. Имаш грди раце, а сега сите ќе ги гледаат“.

„Основата на мојата исхрана е навистина едноставна: никогаш не јадам шеќер, сирење, леб и тоа ми е совршено природно. Кога ќе видам тони штетна храна во студио за време на снимање, секогаш гледам на неа како пластика. Како нешто што физички не може да го јадете. Замислете ги животните во шумите, тие никогаш не јадат нешто што не им е природно“.

„Мислам дека тетоважите се ужасни. Тоа е како целиот живот да носите Пучи фустан. Ако сте млади и витки во ред е, но ако не сте...“

„Кога ми досади долгата коса, почнав да носам опавче. Беше тоа 1976 година. Замислте колку години не сум ја променил фризурата. Не е лошо, зарем не? Всушност мојата фризура е навистина едноставна и не бара од мене никаков напор“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.02.2019 - 09:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега