Шабан не сакал да оди во Германија – од овие зборови ќе ве полазат морници
Шабан Шаулиќ, кралот на народната музика почина непосредно по сообраќајната несреќа во неделата наутро на автопат во Германија. Од автомобилот кој го удри пијан возач, жив е само кумот на Шабан, Слободан Бобан Стојадиновиќ кој се уште закрепнува во Германија.
Бобан се присетил на детали од сообраќјната несреќа и како изгледал, но открил и дека пејачот не сакал да иде на последниот негов настап.
-Умееше да ме праша каде работиме идната недела, а кога беше поспедниот настап во прашање и кога слушна дека тоа е во Германија ми рече: Па зошто тоа не ми го помести за некој друг пат. Сега бевме во Германија, зошто одиме повторно. Му реков дека тоа е од порано договорен настап и дека во прашање е друг град и дека тоа му го должиме на менаџерот, а дека ќе одмараме во март и април – рекол Бобан.
Кумот на Шабан открил дека во последно време Шабан многу повеќе сакал да се одмара, отколку да работи.
Во последно време бараше од мене и Гоца да не му закажуваме настапи често иако можеше со денови да пее. Беше божјо дете и сите го сакаа- рекол кумот на Шабан, која додал дека Шабан бил вознемирен во последно време и дека не можел да спие дури и кога пиел таблети за спиење.
-Велеше не сака сонот на очи. Видов дека е вознемирен. Сакаше само да оди во Крчедин и да лови риба – рекол Стоајдиновиќ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа