Лекарите прават се што можат за раката на водителката да почне да функционира - ова се нивните прогнози
Водителката на Деа Ѓурѓевиќ, која е тешко повредена во сообраќајна несреќа на 7. февруари кога во неа удри автобус и ѝ ја откина раката, и понатаму е во болница. Лекарите од Одделението на интензивна нега во белградската болница, прават се за раката да ја вратат во функција.
Ја чека долго и тешко закрепнување, а дека оди во добар правец покажува и фактот дека нејзината повредена рака е топла и тоа е добар знак идејќи најверојатно нервите проработеле, како и циркулацијата.
„Деа ја чека упте една операција на раката, за се да биде поврзано. Ја чека и дополнителна физикална терапија, но ова е прв знак дека не само што е сочувана раката, туку и дека најверојатно ќе може да ја користи“, вели извор за српските медиуми.
Водителката има 24 часовна нега и важно е што повеќе да одмора.
Со неа цело време се нејзиното момче Младен Мијатовиќ и мајката Нена, кои може да ја видат само преку стакло, бидејќи влегувањето во ова одделение е забрането.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа