Од 5. март не чека морничава астролошка појава - најлоши последици ќе почувствуваат овие 6 хороскопски знаци

 

Ретроградниот Меркур пристигнува во нашите животи на 5 март и ќе се задржи се до 28, а оваа астролошка појава секогаш се одразува врз животите на сите хороскопски знаци, но овој пат овие 6 ќе ја почувствуваат промената повќе од останатите.

Близнаци - Меркур е вашата владеачка планета, а најголемо влијание ќе оставите на полето на комуникацијата. Главно сте брилијантни во оваа област, пишувањето и држењето говор секогаш ви оди од рака, но во овој период оваа вештина значително ќе се намали кај вас. Можно е да заборавате некои работи, да имате креативна блокада, а и да се вплеткате во лаги и недоразбирања.

Рак - овој период ќе направи да бидете премногу емотивни и темпераментни, па можни се нагли реакции и неочекувани кавги. Може да се случи да ве изнервираат дури и безначајни прашања и коментари. Вооружете се со трпение, сетете се на ова предупредување кога ќе сакате бурно да изреагирате без причина.

Лав - додека Лавот е еден од најшармантните личности во една просторија, оној кој шири дух на радост и енергија, во текот на март тоа нема да биде случај. Ретроградниот Меркур ќе направи да се чувствувате лошо, мрзливо и незаинтересирано, а нивото на енергија ќе ви биде исклучително ниско.

Девица - ова е период кога ќе бидете исклучително збунети, а совет за вас е да чекате оваа фаза да помине и да не се оптеретувате со безначајни мисли и анализи. Секако очекувајте напнатост која ќе биде готова до крајот на март.

Вага - овој период ќе направи вашите емоции да бидат нагласени, а вашите остри мисли нагли и непромислени. Иако главно ги криете своите емоции и чувства за другите, сега ќе посакате да ги покажете,. а можеби и да ги потврдите со зборови.

Водолија - непотребна фрустрација може лесно да ве погоди во март. Обидете се да ги согледате работите од друг агол и сетете се дека е ова е минлива фаза, односно дека работите не се толку лоши како што делуваат на прв поглед.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.02.2019 - 12:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега