Бугарскиот боксер скапо ќе го чини бакнежот со водителката: Таа најави и тужба (видео)
Бугарскиот боксер Кубрат Пулев неодамна се прославил со бакнежот пред камерите со кој ја изненадил новинарката Џени Суши. Најпрво тоа на некои им изгледало симпатично, но само на некои, бидејќи веднаш почнале да доаѓаат осуди на сметка на Пулев.
Најпрво на Твитер ја правдал својата постапка, но потоа сфатил дека е многу поголем проблем кога дознал дека новинарката поднела тужба против него.
"Можевте да видите на снимката како ја бакнувам водителката откако победив во саботата навечер. Џени е моја пријателка, а јас бев многу возбуден поради победата и ја бакнав. Таа вечер таа ми се приклучи на мене и моите пријатели на прославата по победата", рекол за "Vegas Sports Daily" Пулев
Неговиот бакнеж можете да го видите на приложеното видео.
Меѓутоа, ако ја прашувате Џени, тие двајца и не се баш некои пријатели, бидејќи, како што јавува "TMZ", таа поради тоа го тужела.
Дека ситуацијата за боксерот е многу сериозна сведочи и веста дека новинарката на суд ќе ја застапува најпознатата адвокатка која се занимава со правата на жените во САД, Глорија Алдред.
"Моментот беше нетипичен и чуден", рекла Џени кратко по блискиот контакт со Бугаринот и изгледало дека во тој момент не била многу вознемирена и подготвена за тужба.
По статијата за тужбата во "TMZ", Алдред и Суши одржале заедничка прес конференција, на која новинарката рекла дека Пулев ја фатил за задникот, но по интервјуто. Освен тоа, боксерот од неа барал да го исече бакнежот пред емитувањето на емисијата, бидејќи знаел како тоа ќе изгледа во јавноста, но таа одбила.
"Бараме сите обвиненија да се истражат и Пулев да биде суспендиран", додала Алдред.
Bruh wtf is this interview man lmao! Pulev is alpha af. (Watch until end) pic.twitter.com/sUoiqFprhi
— NBT BOXING (@BoxingNbt) March 24, 2019
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа