ФОТО: Пријовиќ збесна и реши да им ја затвори устата на сите
Не сака повеќе да трпи! Пријовиќ збесна и реши да им ја затвори устата на сите. Се обрати со отворено писмо и приложи слика како доказ.
Помина трновит пат до популарноста. За промената на физичкиот изглед на Александра Пријовиќ често се зборува и има многу шпекулации. Затоа таа се превзеде во свои раце и реши да стави крај на секој збор.
Често ја обвинуваат дека направила многу операции, а пејачката одлучи да им докаже на сите.
Таа објави фотографија на која има само 14 години. Од тогаш па до денес не е многу променета, а како причина за промената ја наведе козметиката. Откри дека на почетокот од кариерата имала е лоша шминка што и причинувало проблем во кариерата. Како преминувала во сериозна пејачка, Александра вложила многу во кариерата но и во изгледот.
– Никогаш во животот нема да се срамам од мојот почеток, бидејќи својот пат го градев на чесен начин, немав никој кој може да ми ги плати песните и секој динар што го заработив го вложив во мојата кариера – потенцира Пријовиќ.
Пред само три недели станав мајка на прекрасно момче, а вие немавте грижа дури и како сега, па тоа го искористивте за да ме претставите дека во моментот имам вишок килограми и како ќе го решам со пластичен хирург. Секоја чест! Не знам како жената треба да изгледа после породувањето и како да се грижи за тоа? Еве, ќе ви потврдам, имам точно 7 килограми вишок!
Што се однесува до сликите што ги објавувате (каде што навистина не изгледа како мене поради некоја лоша шминка и фризура), сега имате една реална кога имав 14 години “, напиша Александра и ја објави фотографија од тинејџерските денови.
Извор: Вистина.мк
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа