Почина познатиот историчар на уметноста и археолог охриѓанецот Гоце Жура

 

Синоќа во Охрид почина Гоце Ангеличин Жура (роден во Охрид, 1951 год.),  историчар на уметност. Основно и средно образование завршил во родниот град, а Философски факултет – група Историја на уметност и археологија, прва генерација, во Скопје. Прво вработување му е во Заводот за заштита на спомениците на културата и Народен музеј во Охрид во 1980 год., каде што непрекинато работеше како историчар на уметноста – музејски советник. Добитник е на повеќе награди и признанија, меѓу кои и Повелбата Патрон на градот “Св. Климент Охридски” за 2007 година.

Охриѓани но и целата јавноста Жура ќе го паметат како  човек посветен на професијата. Гоце беше хроничар на град Охрид. Својата библиотека ја збогати со  15 сопствени  книги, вредни дела посветени на бројните цркви и храмови , пештерските цркви, фрескоживописите, културното наследство, патеписите за Охрид и друго.

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.04.2019 - 10:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега