ФОТО: Црвен букет за партнерката на Ципрас
Грчкиот премиер Алексис Ципрас изутринава пристигна на Аеродоромот Скопје од каде се упати кон Владата каде беше пречекан со државни и воени почести.
Во Скопје денеска заедно со гркиот премиер Алексис Ципрас, допатува и неговата партнерка Бети Базана, која ќе има посебна програма со сопругата на премиерот Заев, Зорица Заева.
Базана доби црвен букет како топло добредојде во Македонија.
Во делегацијата што ќе го придружува Ципрас за време на посетата на Скопје, покрај министри во Владата, се и претставници на повеќе од сто големи и средни грчки компании кои се заинтересирани за инвестирање во земјава.
Официјалната посета, прва на некој грчки премиер, Ципрас ја почна со средба со неговиот домаќин премиерот Зоран Заев.
По тет-а-тет разговорите Заев – Ципрас и меѓувладиниот состанок, двајцата премиери ќе одржат заедничка прес-конференција.
Грчкиот премиер ќе има средба и со претседателот на Собранието Талат Џафери.
Попладне ќе се одржи Бизнис форум, на кој ќе се обратат двајцата премиери.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа