Почина мајката на Ангела Меркел
Mајката на германската канцеларка Ангела Меркел, Херлинд Казнер, почина на возраст од 90 години. Вестта ја потврдил портпаролот на германската влада.
Таа била родена 1928 година во Полска, а ќерката ја добила во 1954.
Германските медиуми пренесуваат дека Казнер, професорка по латински и англиски јазик, била секогаш повлечена и дискретна. Таткото на Ангела починал во 2011 година.
10.04.2019 - 21:26
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа