Со насмевка се бореше против тешката болест, но ја изгуби битката - почина српската мисица
Некогашната мисица Дијана Милојковиќ почина на 33. години после долга борба со карцином.
Дијана била полна енергија, а животот ѝ се претворил во пекол после еден рутински преглед.
Таа веќе со години водела битка со рак на матката, а секогаш јавно зборувала со тоа како се бори со болеста.
-Не се сеќавам кога последен пат плачев. Чувствував бес кога дозна, не очекував такви резултати. Бев во болница 4 месеци. Се трудев да бидам позитивна. Исхраната ја променив. Ги исфрлив млечните производи и месото. Сега сум веган и подобро се чувствувам - велела мисицата.
-Најтежок момент имав кога дознав дека ракот метастазирал. Тоа ме пресече. Имал 25 надворешни зрачења и четири внатрешни. Тоа беа многу силни зрачења. Од хемотерапијата се чувствував малаксано, имав и мачнини и секакви симптоми, но многу потешки беа внатерешните зрачења. Како и на секоја жена, првата работа која ми падна на памет е дека ќе останам без коса. Додека без дома со момчето, често велев дека сега сум келава и дека не сум убава - кажала Дијана и испратила апел до сите жени да одат на редовни контроли.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа