Болеста го направила своето: Поранешниот голем заводник изгледа непрепознатливо (ФОТО)
Актерот Вал Килмер кој со рак на грлото се бори од 2015 година, пристигна во Њујорк за да одржи говор на евентот на ОН.
Иако се обиде да се сокрие од љубопитните папараци, не успеа, а многумина на неговиот врат го забележаа и медицинскиот уред од трахеотомија.
Вал во 2017 година призна дека е болен, а денес веќе е можно да се види дека ракот доста влијае на него. Некогаш големиот заводник изгледа непрепознатливо.
Иако ретко говори за приватниот живот, во интервјуто за „The Hollywood Reporter” потврди дека е болен, и дека болеста му го одземала гласот, но и силата.
Акерот е татко на две деца, а зад себе има и пропаднат брак со актерката Џоан Вили, со која беше заедно осум години.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа