Прекрасна трудница: Сопругата на шеф Никола во бикини го покажа трудничкото стомаче (ФОТО)
Шеф Никола од „Брза кујна“ на почетокот на месецот стави потпис во матично и официјално заплива во брачните води.
Тој и неговата сопруга Стефанија својата љубов ја крунисаа со брак, а наскоро нивното семејство ќе добие нов член. Свадбата се одржа во Скопје во друштво на најблиските и најмилите пријатели.
По свадбата, но и по завршувањето на обврските, парот се упати на меден месец. Имено, тие деновиве се наоѓаат во Грција каде одмараат во својот летен одмор, но и во својот прв меден месец,
На „Фејсбук“ се појави заедничка фотографија од парот кој првите брачни денови ги поминува на плажа, Стефанија гордо го покажа трудничкиот стомак.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа