ФОТО: Никој не очекуваше - Кејт Мидлтон стави ботокс, хирург објави фотографија од пред и потоа
Војвотката Кејт Мидлтон потпадна под влијание на трендовите, а тоа го покажа фотографија која се појавила на друштвените мрежи на која се гледа дека Кејт правела естетска корекција на своето лице.
Докторот Моунир Сомји имено објавил фотографија на Инстаграм страницата на својата клиника на која е гледа војвотката Кејт Мидлтон пред и после потенцијалните зафати на своето лице.
„Напата Кејт сака малку „бејби ботокс“. На фотографијата „пред“ изгледа уморно и на лицето ѝ се гледаат брчки. На фотографијата „после“ изгледа нежно и блеска. Загледајте се во ситните брчки на челото, но и на делот меѓу веѓите“, напишал тој.
Оваа вест прилично ја разбранува јавноста, па се огласи и гласноговорникот на палатата кој рекол дека тоа е категорички лага, односно дека кралското семејство не поддржува такви комерцијални активности.
Kate Middleton got baby botox, plastic surgeon claims https://t.co/Go8AbO9vsS pic.twitter.com/cSI8HJkOf7
— Nicholas Douglas (@Readers_Delight) July 25, 2019
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа