ФОТО: Има 46 години, коефициент на интелигенција 160 и двојно помладо момче - изгледа како падната од рајот
Британската актерка Кејт Бекинсејл е буквално движечко божество на земјата. Знае руски, има одлична смисла за хумор, глумела во блокбастери и тоа што денеска наполни 46 години не значи ништо затоа што ги има сите квалитети.
Иако важи за една од најубавите актерки во Холивуд во интервју пред шест години рекла дека ја нервира што многумина ја доживуваат како глупача поради филмот „Underworld".
Тоа е неверојатно. Ако си жена во тесен кожен костим тогаш си проститутка, глупача. Сериозно размислував да престанам да се занимавам со глума. Режисерот ме преколнуваше да се вратам и да го снимам третиот дел. Реков само уште овој пат и веќе не ме викајте. Се излажав и себеси и другите, еве ме во петтиот дел. За среќа, дојдоа и некои други улоги, па спадна етикетата на глупава девојка“', рекла Кејт.
Актерката течно го зборува рускиот јазик кој го совладала на Оксфорд и тогаш дознала дека коефициентот на интелигенција ѝ е 160.
Актерката на почетокот на кариерата започнала врска со двојно помладиот комичар Пит Дејвидсон. После разводот со актерот Мајкл Шин со кој има ќерка, Кејт често е фотографирана и со други славни мажи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа