На Наташа Беквалац ѝ се слошило во Црна Гора - пејачката завршила во болница
Српската пејачка Наташа Беквалац го откажала настапот во Црна Гора, откако нагло ѝ се слошило. На Беквалац веднаш ѝ била укажана лекарска помош.
Српските медиуми пренесуваат дека на пејачката наеднаш ѝ се слошило за време на нејзиниот последен настап во рамки на турнејата низ црногорското крајбрежје. Беквалац заврши во болница, а неколку часа по примањето на инфузијата, лекарите постојано ја надгледувале и добила совет да води грижа за себе и своето здравје.
Од нејзиниот пиар-тим ги потврдија информациите за влошената состојба на Беквалац. Пејачката откако излегла од болницата се вратила во Нови Сад. Сега се чувствува добро и подготвена е да се врати во Црна Гора, каде што треба да продолжи со настапите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа