СМО: И јули ќе биде најтопол месец во историјата
И јули ќе биде најтопол месец откако се мерат темперетураите , објави Светската метеоролошка организација , од каде и јуни беше прогласен за најтопол во историјата.
Планетата Земја во јули беше најтопла во историјата , само една недела откако незапаметен топлотен бран ја вжешти Европа, соопшти денеска Светската метеоролошка организација(WMO).
Податоците се засновани врз првите 29 дена во месецот и посочуваат дека јули 2019 година ќе биде исто топол или можеби потопол од претходниот најтопол јули, забележан во 2016 година, а во исто време и најтопол месец досега.
Во тоа време, просечната температура на копното и морињата беше за 0,87 степени Целзиусови повисока од просечната измерена во текот на 20 век, соопшти WMO и Националната служба за атмосфера и океанографија на Соединетите држави (NOAA).
Минатиот месец, Светската метеоролошка организација објави дека јуни 2019 година бил најжешкиот месец во историјата, а 2019 година може да стане една од најжешките години досега, односно од моментот кога започнале мерењата во 1880 година.
„Не знаеме многу топли лета, но ова не е лето на нашата младост. Ова не е лето на вашите баби и дедовци“, рече генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш.
,,Само оваа година нè затекнаа температурни рекорди забележани од Њу Делхи преку Енкориџ, Париз, Сантијаго, Аделаид до Арктичкиот круг. Екстремното време како ова е само врв на ледениот брег.”,рече Гутереш.
WMO во соопштението се вели дека невообичаено високите температури во последните неколку недели зафатиле многу европски земји, вклучително и Белгија, Германија, Луксембург, Холандија и Британија. Секаде беше поставен нов неславен национален рекорд за високи температури.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа