Фолк ѕвездата уапсена поради лажни пари - Стоја во станица поради туѓа измама
Стоја Новаковиќ и нејзиниот сопруг Игор Јовановиќ се приведени на граница меѓу Хрватска и Србија затоа што цариниците при контрола им пронашле фалсификувани пари во вредност од 7.000 евра, дознава Курир.рс
Таа имала настап во еден познат клуб во Хрватска. Се поминало во најдобар ред. Според извори на Курир.рс Стоја направила одлична атмосфера, но на крајот се ѝ излегло „низ нос“ поради хонорарот, па уште морала да плати 1.500 евра казна.
Стоја за настапот земала 7.000 евра, но очигледно фалсификат. Поради тоа доживеала и непријатност на граница. Таа и нејзиниот сопруг биле однесени во станица, каде биле сослушани.
Во просториите на сопственикот на клубот била пронајдена машина за правење пари.
По три часа во станиц, пејачката и нејзиниот сопруг биле пуштени, а морале да платата казна од 1.500 евра. Не се бунеле, платиле, за што побрзо да заминат од Хрватска, пуишува Курир.рс
Сопругот на пејачката не сакал да признае пред медиумите дека таа доживеала непријатност.
-Некој има бујна фантазија - рекол тој.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа