Последната објава на Боки 13: Победуваат само оние кои чесно се борат
Многумина ме повредиле но не потклекнав, сами одлучуваме дали ќе бидеме робови или борци. Ова е последната објава на Инстаграм на македонскиот шоумен Бојан Јовановски познат како Боки 13, пред да биде приведен за случајот „Рекет".
- „Досега многумина ме повредиле, но никогаш не потклекнав. Во животот сами одлучуваме дали ќе бидеме робови на своите рани и никогаш нема да ги излечиме или пак ќе бидеме борци за сопствениот живот! Јас сум борец за сопствениот живот, за сопствената среќа, сопствената мисла и кауза. Затоа секогаш донесете ја вистинската одлука за вашиот живот и неуморно борете се, но запамтете дека победуваат само оние кои чесно се борат", напиша Боки 13 пред приведувањето.
Инаку, во случајот Рекет тој е осомничен со бизнисменот Зоран Кичеец за изнуда на огромни суми на пари, а при претрес кај нив дома полицијата најде и заплени брендирана гардероба, парчиња накит, чанти и часовници, уметнички дела, компјутери и оружје и муниција.
Боки 13 е уште во притвор, а настанот уште ја тресе македонската јавност.
Извор: Магазин
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа