ФОТО: Имала 120 килограми и не излегувала од дома - се одлучила на драстична трансформација и изгледа неверојатно
Јелена Докиќ, познатата австралиска тенисерка со српско потекло, доживеала неверојатна трансформација.
Јелена во октомври 2018 година имала дури 120 килограми, а сега изгледа подобро од било кога.
Поранешната тенисерка објавила на својот Инстаграм профил фотографии од одморот во Хрватска и со својот прекрасен изглед ги оставила без зборови следбениците на оваа социјална мрежа.
Докиќ блеска, многумина сметаат дека изгледа подобро и од времето кога играла тенис.
Да потсетиме, кога се повлекла од тенисот почнале нејзините проблеми со килограмите. Со години живеела и се хранела нездраво. Нила несреќна, несигурна, а утеха наоѓала во храната. Луѓето биле шокирани кога видеоле дека Јелена, која важела за една од најатрактивните тенисерки, има дури 120 килограми. Поради изгледот и коментарите кои кружеле на Фејсбук на Јелена ѝ било срам да излезе од дома.
Потоа одлучила да го промени својот живот од корен. Одлучила да ја врати својата килажа од претходно. Започнала програм за слабеење и на својот Инстаграм профил објавувала фотографии на кои се гледал нејзиниот напредок.
Во октомври минатата година имала 120 килограми и имала цел да се врати на старата килажа - 66 килограми. Делува дека го направила зацртаното.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа