После пиење кафе, трчате во тоалет - докторите со објаснување што се случува со организмот
Многу луѓе после пиење на кафе, мораат веднаш да одат во тоалет.
Додека едни веруваат дека тоа е природно, други се плашат дека станува збор за некаков здравствен проблем.
Поради тоа научниците од Универзитет во Тексас спровеле истражување токму на оваа тема.
Тие за време на истражувањето 3 дена на стаорци им давале кафе кое поттикнува движење на мускулите на цревата и тоа независно од дозата на кафето.
На стаорците после три дена конзумирање кафе им се зголеми чувствителноста на мускулите на тенкото црево. Дури и бројот на бактерии во нивниот измет значително се намали. Интересно е тоа што ова се ефектите независно од кофеинот, затоа што слично на нивниот дигестивен систем делувало и бескофеинското кафе“, рекол авторот на студијата Шуан Ши за британскиот „Мирор“.
Се претпоставува дека за лаксативното дејство на кафето се заслужни неговите кисели својства.
Докажано е дека поголемо ниво на желудечна киселина, која настанува благодарение на клорогената киселост во кафето, го активира метеболизмот,
Значи, доколку и Вие трчате во тоалет после кафе, знајде дека се е во ред со вас, односно со вашето здравје.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа