Српската пејачка собра сили да раскаже за трагедијата: „Мојата сестра се удави на 13 години“
Познатата српска пејачка Мина Костиќ имала тешко детство, а сега собра сили за да го сподели тоа со фановите.
Имено сестрата на пејачката се удавила на 13 годишна возраст, додека Мина со кнедла во грлото собрала сили да го раскаже овој детаљ од приватниот живот за прв пат во јавноста.
-Знам да пливам, но се плашам од длабочина. Тоа е можеби затоа што ја имам загубено сестра ми давејќи се кога имаше само 13 години, вели Мина за српските медиуми.
Таа додава дека поминале 26 години од таа несреќа која се случила во август 1992-та година.
07.08.2019 - 14:25
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа