Денеска е Света Ана - за среќен брак испочитувајте еден обичај на овој празник

 

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 25 јули.

Денеска е Успение на Св. Ана.

Света Ана е мајката на Богородица. Денес се празнува нејзиното успение, а нејзиниот главен празник паѓа во месец септември. Света Ана потекнуваше од Левиевото колено (еврејско свештеничко колено). Татко и беше свештеник по име Матан. Проживеа долг и богоугоден живот и во длабока старост се претстави пред Бога.

Според народните верувања жените не треба да работат тешки работи. Оние жени пак што немаат деца, на овој ден одат во конак и остануваат таму по три дена за да се молат на света Ана за пород.

„Света мајко Ана, твојата ќерка Марија што донесе спас со синот Исус, просевтувајќи те со милоста Господова. Моли го Исус да ми даде сила и мудрост во овие денови и верно да ја исполнам својата должност како мајка, па и јас со деца да доживеам венчно блаженство. Амин!

Денеска искористете го празникот и појдете во црква за да се помолите и запалите свеќа за здравје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.08.2019 - 15:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега