По низата скандали се огласи Тамара Тодевска: „Интересно е колку некои луѓе погрешно те доживуваат“
Македонската пејачка Тамара Тодевска изминатиов период беше дел од некои скандали кои ја затресоа македонската јавност, поврзани со нејзини изјави за Евровизија, но и за изведбата на македонската химна на прославата на Американската амбасада по повод 4. јули.
Откако коментираите и критиките спласнаа, пејачката се огласи на социјалните мрежи.
-Интересно е колку некои луѓе погрешно те доживуваат. Тоа е дека не те познаваат доволно, но мислат дека имаат право да кажат нешто за тебе, напиша Тамара.
Тамара во моментов е во Гевгелија, во родното место на нејзиниот сопруг, каде се релаксира со најблиските.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа