Димитров: Колку сум гладен, ќе ве изедам вас деца

 

Министерот за надворешни работи Никола Димитров на својот Фејсбук профил сподели објава посветена на растењето на децата, односно различното однесување на неговиот син од година во година.

Ги гледаме на професионалната сцена како цврсто ги изнесуваат своите ставови, но секогаш е интересно кога ќе ја видиме и онаа друга страна на нашите политичари – како татковци.

Димитров, сподели како изгледа растењето на неговиот син, преку интересна споредба.

„Растеме

Пред две години на денешен ден.

Јас: Колку сум гладен, ќе ве изедам вас деца.

Димитров најмалиот: А јас колку сум гладен, ќе изедам и макарони и компирчиња и пица ... и уште едни макарони, па макарони, и уште еднаш макарони ... и уште уште едни макарони 

Денес.

Јас: Колку сум гладен, ќе ве изедам вас деца.

Димитров најмалиот: Јас ќе те изедам тебе и веќе ич нема да бидеш гладен“, напиша Димитров.

Министерот има 4 деца, а три од нив ги добил од бракот со сопругата Наташа.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.08.2019 - 21:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега