Секој ден по еден лист чувар куќа прави чуда во организмот - како се конзумира правилно
Сигурно до сега сте слушнале за чувар куќа, растението со исцелителни моќи кое отсекогаш се сметало за заштитник на домот и семејството.
Латинското име на оваа билка е Semprevivum tectorum што во превод значи „оној што живее на покривите засекогаш“, а името потекнува од старото народно верување дека ја заштитува куќата од громови и бури.
Се користи за лекување на цревни заболувања, проблеми со грлото и ушите, и се препорачува за намалување на шеќерот во крвта.
Оваа билка се користи во народната медицина, за многу делотворни лекови. Билката чувар куќа се користи и за надворешна и за внатрешна употреба.
Од низата лековити својства кои се препишуваат на оваа билка, најпознато е тоа дека го елиминира вишокот на маснотија од ушните канали. Најчесто се користи за болно уво, односно лечи ушни инфекции. Преполовете неколку ливчиња од Чувар куќа и исцедете две до три капки сок во болното уво. Оставете ја течноста да делува неколку минути, а потоа свртете ја главата за течноста да истече од ушната шуплина.
Ова растение има анти-воспалителни и антисептични својства. Како лек, најчесто се конзумира во форма на сок или чај, а често се комбинира со мед.
Познато е дека оваа билка може да ги намали цистите и миомите на матката. Во таков случај, билката се користи како додаток во мед, и се конзумира континуирано 20 дена. Доколку тогаш цистата не се намали, препорачливо е медот да се конзумира уште еден месец.
Треба да знаете дека чувар куќата не треба да се користи за внатрешна употреба кај бремени жени, доилки и кај мали дечиња.
Подготовка на чај од чувар куќа: Во 250 мл. вода се варат 10 свежи и 12 сушени листови. Чајот врие 15 минути и се пие следното утро една чаша, а по една лажица понатаму на секој час.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа