Медиумите пишуваа дека се разведува, па потоа дека се смирила со сопругот - Елена Велевска ја откри вистината
Македонската фолк-пејачка Елена Велевска пред извесно време го привлече вниманието откако во јавност беше објавено дека се разведува од сопругот Маријан со кој има три деца, а на социјалните мрежи сподели и дека била дел од семејно насилство.
Сега, пред камерите на естрадниот магазин „Бекстејџ“ откри што е всушност вистината и дали можеби има ново момче.
„Ново момче сигурно нема. Не сме разведени и не знаеме што животот носи, не сакам да коментирам што ќе биде и како ќе биде. Ако кажам дека нешто ќе биде подоцна можеби и нема да се случи. Бевме во јуни месец на фамилијарен одмор, сега повторно ќе одиме на 13 август заедно со децата“ вели Велевска за „Бекстејџ“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа