Од шоумен во женска облека до обвинет за „Рекет" - Патот до славата на Боки 13

 

Од имитатор во женска облека, до обвинет за изнуда на пари. Бојан Јовановски познат како Боки13 е познат македонски шоумен, водител, имитатор и сопственик на телевизија, кој периодов е во центарот на медиумското внимание откако беше приведен за случајот „Рекет".

Роден е на 29. август 1986. година, а на почетокот на кариерата беше познат по екстравагантноста, беше имитатор и беше познат по тоа што облекуваше женска облека. Бојан Јовановски завршил Факултет за туризам, но својата кариера ја гради во естрадните води. Своите почетоци ги забележува со организирање на церемонијата за доделување 13 награди на популарноста, по што го добил и прекарот Боки13. Оваа манифестација Бојан ја прекинува со одржување и продолжува со водителските води каде досега имал неколку телевизиски емисии на неколку македонски телевизиски канали. Беше учесник и во Големиот брат.

Бојан Јовановски започнува и со пејачката кариера и има свои композиции на македонски и српски јазик. „Преко стола“ - на српски јазик,  „Отвори се“ - на српски јазик и „Холивуд“ - на македонски јазик се трите негови песни. Во текот на својата досегашна кариера Бојан има одржано неколку концерти меѓу кои концертот во Охрид, концертот во СкопјеШтипБитола и останати места во Македонија. Исто така конкурирал и на македонскиот избор за песна на Евровизија со пејачката Биг Мама.

Боки ја основаше и 1ТВ, а стана познат и по хуманитарната работа. Доста беше активен на Инстаграм каде постојано објавуваше фотографии со брендирана облека, обувки, чевли, накит и часовници, познат како голем љубител на модата.

Македонскиот шоумен е во притвор откако беше фатен во случајот Рекет, а деновиве се појавија и видеа од моментот кога со бизнисменот Зоки Кичеец зема пари од домот на Орце Камчев. 

Видеата ги споделува италијанскиот весник Ла Верита.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.08.2019 - 18:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега