ФОТО: Огромни гужви на плажите во Грција - туристи нашле интересен начин за да фатат место

 

Србите за време на летото главно одмораат во Црна Гора или Грција. Веќе се навикнавме на гужвите на границите, но овој пат на друштвените мрежи се зборуваше и за гужвите на плажите.

Еден корисник на друштвените мрежи забележал интересна фотографија во Полихроно, на која има поставени пешкири со чадори за сонце забодени во песокот. Оваа глетка не би била чудна да не е забележана во вечерните часови.

grčka

На многумина им паднало на памет дека оваа глетка е факт дека гужвите на плажите преку ден се големи, па луѓето не можам да најдат добри места кога ќе дојдат да се капат и сончаат. Некои корисници пак пишуваат дека ситуацијата не била ваква пред 4-5 години.

Имало и коментари дека луѓето се капат на смени и дека од големиот број лежалки не може да се дојде до морето.Поради тоа луѓето ги оставаат чадорите и печкирите за да си осигураат позиција за следниот ден.

grčka

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.08.2019 - 19:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега