Голем удар за Северина - Судот донесе одлука во врска со нејзиното синче

 

Хрватската пеачка Северина ќе мора да ги отстрани сите фотографии од нејзиниот син Александар кои ги има објавено на социјалните мрежи, но и не смее да објавува нови.

Пеачката има рок од осум дена да ги отстрани фотографиите и откако ќе го стори тоа нема право да објавува нови фотографии со својот син, одлучи Општинскиот граѓански суд во Загреб.

Се работи за привремена мерка која важи до завршувањето на судскиот спор помеѓу Северина и нејзиниот поранешен сопруг кој е татко на Александар. Доколку не ја почитува оваа одлука на судот Северина ќе мора да плати казна од 636 евра а казната ќе се зголемува двојно за секо наредно прекршување.

Фотографии од малиот Александар нема да смее да објавува ниту сегашниот сопруг на Северина.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.08.2019 - 17:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега