Ги очекува супер лето - Хороскопски знаци со најмногу среќа во август

 

Летото е познато по љубовните авантури, но кога станува збор за следните три хороскопски знаци – тие ќе го имаат најдоброто лето досега.

Овен: 

Со Сонцето, Марс и Венера во вашата петта куќа на романтиката, харизмата и страста, поголемиот дел од месецот ќе бидете похаризматични од било кога. Но, кога ќе се преселат планетите во вашата шеста куќа, во текот на сезоната на Девицата, ќе имате бројни можности за секојдневна љубов. Одите во теретана? Бидете подготвени бидејќи никогаш не се знае кого ќе запознаете!

Водолија: 

Покрај својата репутација на премногу независен партнер, најмногу сакате да бидете сакани. Затоа, не се однесувајте како да не живеете за комплименти и внимание, бидејќи тоа не е вистина. Со Сонцето, Венера и Марс во вашата седма куќа на партнерството и меѓучовечките односи, ќе бидете расположени да поминете многу време со своите најблиски. Кога планетите ќе дојдат до вашата осма куќа на сексот во сезоната на Девица, точно ќе знаете како да ја искористите својата енергија.

Риби: 

Сезоната на Лавот ја активира вашата одговорна шеста куќа во секојдневната рутина. Со Сонцето, Венера и Марс во шеста куќа ќе забележите можност за романтика на места каде што најмалку ја очекувате. Купидоновите стрели погодуваат на вообичаени места како теретана, работа, па дури и докторска ординација. Кога планетите ќе влезат во вашата седма куќа на врските и односите, во текот на сезоната на Девица ќе ја имате саканата личност покрај вас.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.08.2019 - 18:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега