Турската актерка ја отвори душата: „Јас многу претрпев во животот исто како и Фазилет"
Актерката Назан Кесал која ние ја запознавме во хит серијата на Сител, „Фазилет и нејзините ќерки", каде ја игра мајката, е една од најплатените и најбарани актерки, но животот не бил секогаш лесен со неа, а за тоа раскажува и самата.
– Јас сум многу среќна актерка. Славата и популарноста не ме допираат премногу. Сите сме во потрага по причина зашто сме дојдени на овој свет. Јас се обидувам да го сфатам тоа со глума. Аплаузот е само награда за актерот. Не кажува ништо друго. Поради ова егото не се крева, не треба да се крева. Јас зборувам за моето место. Моето его се спушта на земја кога му аплаудираат “, вели таа за „IN Magazine Novа TV“.
Вели порасната во мал град и знае што е сиромаштија, па улогата на Фазилет навистина и легнала.
– Јас ги познавам рефлексиите на пониската класа затоа што јас пораснав во мал град и знам што значи сиромаштија. Со тоа битие, како неа, јас сум борбена жена, никогаш не се откажувам од ништо. Ако мислам на нешто, ќе дадам се од себе да го следам тој сон. Јас претрпев многу, како и Фазилет. Јас сум полна со љубов, јас сум нежна, но не сум толку агресивна. Моето момче е многу ме поддржува и ми го чува грбот. Јас секогаш го прашувам за негово мислење . Тој има поинаков поглед на нештата, така што неговото мислење е многу важно за мене “, вели таа.
Инаку, актерката е разведена и има синче.
Извор: Вистина.мк
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа