ФОТО: Имам силни повреди, едвај се движам, не можам да дишам - српската пејачка се огласи по претепувањето
Надежда Билјиќ беше брутално претепана, а нејзиниот некогашен избраник тврди дека таа него го мавнала со стаклено шише. Пејачката после се што се случило се огласила на Инстаграм.
Таа ги споделила сите пораки со поддршка од пријателите и поранешните учесници на реалното шоу „Задруга“ во кое учествуваше и самата таа заедно со Тома, од кој беше претепана и открила како се чувствува.
„Ви благодарам на сите на поддршката, но ве молам и ве преколнувам да не се препукувате повеќе кој што напишал, дали е за или против. Не сум во состојба да мислам на ништо, имам силни повреди, едвај се движам, не можам да дишам од болка. Имајте малку разбирање, сега одам да одморам од се, а тоа дали и што напишала Луна Џогани не ми е важно, ме поддржаа драги мои мене и таа Луна и Кија“, гласи пораката на Надежда.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа