ВИДЕО: Ги трогна сите - Емина се потсети на својот покоен татко
Познатата пејачка Емина Јаховиќ ги воодушеви своите следбеници откако сподели видео на кое се гледа како таа чита книга заедно со својот син Јавуз, подарена од починатиот татко.
-Ова е книгата која ми ја купи татко ми кога имав 10 години, а само година дена подоцна тој не напушти засекогаш. Од тогаш ја чувам и ја носам со себе каде и да се отселам. Денеска мојот помлад син Јавуз ја чита и навистина му се допадна. Иако никогаш не го запознал својот дедо, тој на овој начин дели нешто со него. Оваа малечка книга денеска не усреќи премногу, благодарам тато, знам дека си со нас засекогаш, напиша пејачката.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа