ФОТО: Била очајна самохрана мајка и имала 105 килограми - променила една работа кај себеси и сега е модел на годината
Бони Стејнер оваа годиа доби титула на најдобар британски Гламур модел, но само пред 4 години за тоа буквално можела само да сонува. Имено, оваа актрактивна црнка тогаш имала 105 килограми.
35-годишната Бони во тој момент била самохрана мајка на две девојчиња, па било неопходно да работи со полна пареа како диџеј, а тоа станувало се покомплицирано поради изгледот, а почнала да губи и самодоверба.
Вели дека отежнувачка околност било тоа што целиот живот била слаба, се до бременоста, па борбата со тежината за неа била новост.
-Не бев гојазна се до бременоста со првото дете. Јадев буквално се што не требаше, а уживав во тоа, но насобрав многу килограми. После породувањето се обидов да ослабам, но после 6 месеци повторно останав бремена со втората ќерка, па сето тоа се повтори - раскажала Бони.
Откако одлучила сакала да настапува како диџеј без никакви пречки, ослабела 54 килограми.
Денес има 57 килограми, а телото до таа мера го довела до совршенство што се занимава со моделинг. Тврди дека во нејзиниот процес на слабеење немало никакви тајни - килограмите ги намалила благодарение на внимателно избраната храна, вежбањето, конзумирањето на многу вода и добриот став.
View this post on InstagramYOLO right???????? #brunettebarbie #brunettepower #makeuplifestyle #noregretsjustlove
И понатаму тренира, вежба секој ден без изговори.
-За сите кои се борат, верувајте ми, мора да се борите за својата иднина, никогаш не знаете што ве чека зад аголот и никогаш ништо не е вредно за откажување. Јас сум среќна сега, здрава сум и имам две ќерки поради кои се се исплатеше - напишала таа на Инстаграм.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа