Му била телохранител на Аркан и дел од неговите „Тигри“ - мајка ѝ ја оставила додека била бебе, во војната се борела машки

 

Маријана Наловски Мачкица била дел од „Тигрите“ на Аркан и негова телохранителка, а во една исповед открила како е да се биде „мачка меѓу тигрите“.

Мајка ѝ ја напуштила после раѓањето во Ташмајданскиот парк, пораснала во Дом за незгрижени деца „Моша Пијаде“. Таму преживеала силување. Рекла дека била заљубена два пати, и тоа во жени, а еднаш се омажила за маж. Таа открива дека најголема лузна ѝ оставила војната.

-Бог ме намести да дојдат до Жељко Ражнатовиќ Аркан. Подоцна се испостави дека ништо не е случајно, затоа што тој беше пријател со мојата биолошка мајка. И сам се изненади кога го дозна тоа. Почнавме големо пријателство и ја имав неговата поддршка - рекла Маријана.

Таа рекла дека меѓу „Тигрите“ владеела голема дисциплина.

-Што се однесува до сексот, јас таму немав секс. Бев и останав нивна сестра * тврди Маријана. Во својата исповед рекла дека и Аркан знае дека била заљубена во жени.

-Сето тоа го прифати нормално и добро се шегувавме. Еднаш киднапирав војник во автомобил за да одам да ја видам жената која тогаш ја сакав. Од друга страна, во единицата имало и мажи хомосексуалци. Имавме голем проблем и страв, но беше поважно добро да се обработи акцијата, да имаме што помалку жртви и да спасиме што повеќе народ. Знам за пар од војната кој подоцна со години беше во врска - открива таа.

Коментирајќи го своето сексуално определување и искуството со околината, таа вели дека народот смета дека да се биде хомосексуалец е нешто престрашно.

-Така ги воспитуваат своите деца од мали нозе. Им велат: „Ги гледаш тие чичковци? Имаат нешто што е бљак“. За мене сето тоа е убаво. Станува збор за души. Небитно од кој пол. Мене ми е важна љубовта. Извинете, ако добивам љубов од жена, јас ќе се предадам и уживам колку и да трае - заклучила Маријана.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.09.2019 - 11:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега