ФОТО: Велат дека лицето ѝ е толку совршено што не знаат дали е кукла или вистинска жена - ја нарекуваат „жива барбика“
Се почесто е гостинка на гала прославите и фестивалите за манекенки. Нидак Даки Тот е даамата која е секогаш во центарот на вниманието - што поради необично темната боја на кожа, но и поради специфичната убавина и преубавиот тен.
Оваа Австралијанка со јужносуданско потекло е многу интересна за светските медиуми, па често за неа се пишува во суперлатив, а добила и надимак „жива барбика“.
Семејството на 23-годишната Австрлијанка избегало во Австралија за време на војната во Јужен Судан уште пред нејзиното раѓање, па самата таа е родена во Мелбурн, а има уште 6 браќа и сестри.
Во светот на моделингот запловила уште на 15. години благодарение на постарата сестра Ники која е исто така манекенка, а до слава дошла во 2013 година кога учествувала во австралиската верзија на реалното шоу „Next Top Model".
Таа привлекува внимание кае и да се појави, а веруваме дека допрва ја чекаат успеси во манекенските води.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа