Вакво понижување предизвикува физичка болка: Најзгодното момче во Холивуд дознало дека се разведува на беден начин

 

Неодамна како бомба одекна веста дека еден од најпознатите холивудски парови се разведува и тоа после неколку месеци брак.

Имено, точка на својот однос ставија актерот Лијам Хемсворт и пејачката Мајли Сајрус и тоа после 10 години прилично бурен и секогаш нестабилен однос.

Но, секогаш после кавгите и прекините, парот повторно се смируваше. Сепак, се чини дека сега дошол крајот.

Тие се венчаа пред седум месеци и имаа интимна церемонија во нивниот дом, за сега да се разведуваат, а Мајли да шета наоколу со новата девојка.

Majli Sajrus i Lijam Hemsvort

Што точно се случило за да дојде до развод никој не знае со сигурност, но се шпекулира дека главен виновник е Мајли која се однесувала како воопшто да не е мажена, бегала од мајчинство, додека актерот наводно силно сакал деца.

Интересно е тоа што сите светски медиуми ја пренесоа поразувачката вест дека Хемсворт всушност за разводот дознал од социјалните мрежи.

Имено, Мајли ова лето започнала романса со блогерката Кетлин Картер со која заминала на патување во Италија, а нејзиниот сопруг ги видел фотографиите на кои тие двете разменуваат сочни бакнежи на социјалните мрежи и интернет порталите.

Три дена после објавувањето на фотографиите на Мајли со новата девојка, Хемсворт дал и изјава за јавноста.

„Само сакам да кажам дека јас и Мајли одлучивме да се разделиме. Ѝ посакувам многу здравје и среќа“, рекол тој.

Majli i Ketlin u Njujorku

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.09.2019 - 11:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега